Шокантна исповед на еден од најдобрите хрватски фудбалери: За малку ќе загинев, тоа ми даде мотив да станам фудбалер

0
65

Фудбалерот на Интер и стрелец на одлучувачкиот гол во победата на Хрватска над Исланд со 2:1, Иван Перишиќ, лесно можело да остане без успешната фудбалска кариера која ја има, доколку како дете при прошетка со другарите немал среќа кога влегол на градилиште, занемарувајќи го написот „Внимание“.

-Тоа веројатно е највпечатлив момент во мојот живот. Се сеќавам како вчера да беше, шеташе со другарите и сосем случајно налетал на едно градилиште во Омиш. Работниците од зградата фрлаа градежен материјал, од кои еден за среќа само го изгребал. Милиметри го делеа од сигурна смрт. Мојата грешка е што воопшто го пуштив да оди сам, не ни претпоставував дека ќе им падне на памет да одат таму, но ете деца како деца. Страшно е воопшто да помислите дека може да го изгубите синот на таков начин, кажал таткото на Перишиќ.

Како што самиот истакнува тоа е момент кога пораснал преку ноќ.

-Чувството дека сте можеле да загинете просто ве тера наеднаш да пораснете. Славев долго тој ден, мислејќи дека повторно сум се родил. Тоа подоцна ми даде мотив да станам успешен фудбалер, изјави Перишиќ.

Коментирај