Шницли од кисела зелка

0
202

Состојки:
– 1 кисела зелка
– 3 компири
– 2 јајца
– 1 чешне лук
– црвен пипер
– црн бибер
– ким
– мајчина душица

Подготовка:
Измелете ја зелката во мелница за месо и добро исцедете ја. Компирите излупете ги, исечете ги и сварете ги. Измешајте ги двете состојки, додадете ги зачините и едно јајце. Оставете ја смесата да отстои 10-15 минути.
Намрсете ја тавата и ставете ги шницлите во неа. Измешајте го јајцето и премачкајте ги шницлите со силиконска четка. Печете во загреана рерна се додека шницлите не добијат црвено- кафеава боја. Послужете ги шницлите со јогурт.
На здравје!

loading...

Коментирај