Шкендија се претстави пред Милан: Ние сме број еден “Росоњери“ кај сите Албанци – ниту збор за Македонците и македонскиот народ (ВИДЕО)

0
1012

Ниту еден познат Македонец не споменат во видеото со кое Шкендија се претставува пред својот противник со кој игра во четврток, италијанскиот великан Милан. Иако е претставник на Македонија во Лигата на Европа, Шкендија не кажа ниту збор за Македонците и македонскиот народ, туку само за Албанците.

-Драг АЦ Милан, ние сме Шкендија од Тетово, од страна на античките Илири нашиот град беше откриен 1000 години п.н.е. Вие го имате Дуомо ди Милано, ние ја имаме шарената џамија, која е постара од Дуомо. Признаваме дека тетовчаните ја сакаат Моника Белучи, но Италијанците се луди по тетовскиот актер Блерим Дестани. Италијаните се заљубуваат и кршат срца лесно, ние можеме да им го понудиме нашиот светски познат кардиолог др. Омер Џемаили. Италијанците можеби ја имаат најдобрата паста и пица, но ние го имаме најдобриот кувар во светот Рене Реџепи. Капацитетот на стадионот е за 80.000 луѓе, но нашиот град има 100.000 жители. Вашите играчи вредат повеќе од 330 милиони евра, нашите играчи 4000 милиони денари. Вие пративте скаути откако се квалификувавме, ние имаме наши скаути кои ве гледаат цело време. Вие ни ги украдовте нашите дресови во 1994, но тоа е океј, нема да направиме голема работа од тоа. Бидејќи Тетово има повеќе росоњери од Рим и Торино заедно. АЦ Милан е втор најтрофеен тим во Европа, се извинуваме, но ние сме прв кај Албанците. Додека вие моравте да одите во Кина да најдете спонзори, нашиот спонзор е Еколог од Тетово, но глобален лидер во својата дејност. Срцата на тетовчани и сите Албанци ќе бијат црвено и црно, за сите Росоњери, се вели во видеото.

Коментирај