Шкендија ги доби можните противници во квалификациите!

0
326

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија при евентуален успех во натпреварите со Салцбург, за противник во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите ќе го има подобриот од пресметката меѓу Црвена Ѕвезда и Спартак Трнава.

Во случај да го поминат австрискиот претставник, тетовци во последната рунда од квалификациите за ЛШ на првиот натпревар би гостувале во Србија или Словачка на 21 или 22 август, а реваншот во Скопје би се играл седум дена подоцна.

Познати се и противниците на Шкендија во Лига Европа, во случај да биде елиминирана од Салцбург во ЛШ.

Ждрепката одлучи македонскиот шампион да се бори против ирски Коркс Сити или норвешкиот првак Розенборг во плејоф рундата во најмасовното натпреварување.

 Извор: sportski.mk

Коментирај