Шилегов наместо да се погрижи за кучињата скитници, ја префрла вината на минатата власт

0
56

Во вчерашната емисија на Сител, „Детектор“ гостуваше градоначалникот на Град Скопје кој говореше за проблемот кучиња скитници и како да се реши. Последните бројки кажуваат дека ги имаме некаде до 6.000 кучиња скитници на територија на град Скопје.

Очекувам дека таа бројка е сериозно поголема на територија на држава. Имајќи во предвид дека Градот Скопје е еден од ретките можеби единствен Велес како што ја имам сознанија дека имаат стационар за третман на животните скитници. Која и по проценка на граѓаните не функционираше доволно добра па затоа Градот влезе во имплементација на сосема инаква проблематика за која што верувам дека ќе дискутираме, нагласи Шилегов. Шилегов обидувајќи да се извади од проблемот кој не е решен, ја префрли вината на минатата власт при што рече дека проблемот е долгогодишен, проблемот е стар, ние имаме закон за благосостојба на животните кој што е донесен 2011, 2014 година со што институциите и градот Скопје не работеле соодветно.

Шилегов пред да стане градоначалник во својата програма вети „Вардариште е минато. Во Скопје отвораме нов стационар по европски стандарди за згрижување и за третман на улични кучиња. Продолжуваме со вакцинацијата и стерилизацијата на уличните, но отвораме и програми за едукација на сопствениците на домашните миленици, за да го направиме градот безбеден и пријатен за сите. Отвораме и престојувалиште за домашни миленичиња, за привремено згрижување, при отсуство на сопствениците. Во секој градски парк и на зелените површини, поставуваме задолжителни делови за рекреација на милениците“. Од сето ова се уште нема, но затоа изминатите месеци граѓаните на Град Скопје беа мета на уличните кучиња и порталите и телевизиите беа полни со вести како се нападнати или гризнати од кучиња.

Коментирај