Шилегов ќе фрли во вода 10 милиони евра за да го руши мостот на кој требаше да стои Панорамското тркало

0
690

За градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ништо е поврзување на МНТ, најголемиот и најактивниот театар во земјава со катна гаража. За него ништо и нефункционално е тоа што стотици вработени и посетители на МНТ, наместо своите возила секојдневно да ги оставаат на улица, ќе имаат полесен пристап до катна гаража.

Шилегов во своите 4 месеци мандат не направи ништо туку само руши. Градскиот татко најавува рушење на мостот на кој требаше да биде поставено панорамско тркало за чија изградба досега беа потрошени 10 милиони евра, а за доградба треба да се потрошат уште три.

Наспроти тоа, градската власт се реши 10 милиони евра народни пари да ги фрли, буквално низ вода и да руши мост кој делумно е завршен.

Мостот е во завршна фаза, темелите, столбовите и носечките греди на мостот се изградени, останува уште поставувањето на висечките сајли за што ќе требаат уште три милиони евра. Шилегов наместо да потроши уште три милиони евра за да го догради овој мост ќе потроши повеќе, односно пет милиони евра за да го руши.

Бидејќи ја стопираа изградбата на панорамското тркало, овој мост можеше да се догради и да функционира како пешачки мост.  Но заради политички причини, властите се решени да го срушат и притоа да потрошат два милиони евра граѓански пари повеќе.

Притоа, според Шилегов, овој мост бил како што вика тој, нефункционален, бидејќи не поврзувал ништо и додава – „едниот крај му е кај Катната гаража кај МЕПСО, а другиот кај објектот на МНТ на левиот брег“.

За Шилегов ништо е поврзување на МНТ, најголемиот и најактивниот театар во земјава со катна гаража.  За него ништо и нефункционално е тоа што стотици вработени и посетители на МНТ, наместо своите возила секојдневно да ги оставаат на улица, ќе имаат полесен пристап до катна гаража.

Коментирај