Шилегов демантира: Драги Курирци, на Вашиот митинг имаше бајаги повеќе ѓубре

0
148

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги демантира објавите дека вработени во градското јавно претпријатие Комунална хигиена, биле принудувани да присуствуваат на митингот на СДСМ, што се одржа вчера во Скопје. Порталите каде беа објавени овие написи Шилегов ги нарекува „курирци“ поради блискоска со опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот додава дека по митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало далеку повеќе ѓубре.

–После “невидениот скандал” што го откри Курир, дека сум ги приморувал вработените од КХС да присуствуваат на митингот на Стево Пендаровси, должам мало вербално и фото појаснување:
Комунална хигиена со луѓе и опрема беше “присутна” на двата митинга. Додуше, на Вашиот митинг, драги Курирци, исто како и лани, имаше бајаги повеќе ѓубре.

Хигиената на улиците лесно се воспоставува.
Хигиената во главите на Курирци ?

Признавам, тешка работа. Голема е таа депонија …, напиша Шилегов.

silegov

56963223_2861568007401112_4168030873301549056_n-560x420

57129657_2861568120734434_3061725006695235584_n-560x420

Извор:лидер.мк

Коментирај