„Шеста управа“ на МВР: Здравјето ни е загрозено, Спасовски и СДСМ не оставија на цедило

0
5435

Секторот за обезбедување во МВР, попознат како „Шеста управа“, оставен на милост и немилост од Оливер Спасовски, пишува Курир.

Имено вработени од овој сектор на МВР се обратија до нашата редакција, опишувајќи го нивниот проблем.

Не ставаат по 20 луѓе во една канцеларија од триесетина метри квадратни, немаме маски, нема средства за дезинфекција, се чуствуваме како темпирани бомби, ова се само дел од поплаките кои ни ги кажаа вработените во шестата управа. Дознавме дека еден од колегите е во карантин, ситуацијава е неподнослива, додаваат тие.

Тие за Курир посочија дека според нивните извори за ваквата ситуација во управата, која патем се наоѓа на Водно, не бил запознаен актуелниот министер Наќе Чулев. Инаку началник во шестата управа на МВР е човек близок до Оливер Спасовски и Зоран Заев.

Па од тука се поставува прашањето, дали евтиниот ПР кој го води Оливер Спасовски и Зоран Заев и поважен од здравјето на припадниците на МВР?

Инаку во текот на вчерашниот ден, во коментари на социјалните мрежи можевме да забележиме како и други граѓани се соочуваат со истиот овој проблем, кажувајќи дека биле легитимирани од полициски службеници кои не биле соодветно заштитени при вршење на службената должност, пишува Курир.

Коментирај