Шест работи кои предизвикуваат ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК, а еве кој е најмногу загрозен од опасна хипертензија?!

0
433

Високиот крвен притисок или хипертензија може да предизвика опасни и кобни состојби како срцев удар, а еве што ја предизвикува оваа болест.

Многумина пациенти кои страдаат од висок крвен притисок често не чувствуваат никакви симптоми, затоа експертите препорачуваат постарите од 40 години редовно да го мерат крвниот притисок, и да се распрашаат дали имаат генетски предиспозиции за хипертензија. Експертите истакнуваат дека најчести фактори за добивање на висок крвен притисок се дијабетис тип 1 или 2, дебелината и конзумирањето на храна која содржи многу сол.

Исто така, секундарна хипертензија во суштина настанува поради болест на бубрегот и нерамнотежата на хормоните. Експертите истакнуваат дека треба да се намали внесувањето на сол на 6 грама дневно за да го собориме крвниот притисок, да јадеме повеќе зеленчук и овошје, да бидеме физички активни и да избегнуваме алкохол. Се препорачува намалено внесување на кофеин, престанување со пушење и најмалку 6 часа сон во текот на ноќта.

Извор: taratur.mk

Коментирај