Шест главни животни правила според кои секоја жена треба да се води

0
72

Сите ние се обидуваме да го живееме овој живот колку што е можно подобро. Турбулентните периоди и разочарувања се чести гости во нашите животи, а не ни се страни ниту болката, ниту тагата.

Сепак не е сѐ така црно. Имајте на ум дека животот треба да се живее со полни гради, а за да успеете и за да бидете задоволни почитувајте ги следните шест животни правила. Сигурно нема да ви одмогнат!

Помирете се со минатото за да не ја расипе вашата сегашност.

Вашето минато не ја дефинира вашата иднина, туку вашите постапки и уверувања.

Воопшто не треба да се грижите за тоа што другите мислат за вас.

Важно е колку се цените себеси и колку мислите дека сте важни самите на себе.

Времето лечи скоро сѐ, па затоа бидете трпеливи.

Болката е минлива. Раните кои ги добиваме го објаснуваат нашиот живот. Тие се нашиот предизвик и нѐ тераат да бидеме посилни.

Не го споредувајте својот живот со животите на другите жени, затоа што немате поим за нивните животи.

Доколу сите би ги ставиле своите проблеми на еден куп и би ги виделе проблемите на другите, сите би си ги земале назад своите проблеми.

Немојте премногу да размислувате, затоа што сосема е во ред ако не ги знаете сите одговори.

Понекогаш не постои еден одговор, а понекогаш не ни има одговор.

Смејте се, затоа што не можете на своите рамена да ги носите проблемите на целиот свет.

Насмевката може да го разубави и најтажниот ден и да го направи животот поподнослив.

Коментирај