Шекеринска: За нас никогаш ништо не одело лесно

0
245

За нас никогаш ништо не одело лесно, напиша денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на „Фејсбук“.

Направивме сè и заслуживме почеток на преговорите со Европската Унија. Од соседите направивме сојузници, од најмоќните во Европа гласни поборници за отворање на преговорите. И повторно не оди лесно. Ве повикувам сите, секој од вас поединечно со свој пример да покаже дека НИЕ СМЕ ЕВРОПА. Заеднички да продолжиме да покажуваме пред цела Европа што значат европските вредности и како се работи на нив. Ја внесовме земјата во НАТО. Со чист мандат уште еднаш ќе покажеме дека знаеме проблемите да ги претвориме во успех!, порача Шекеринска преку социјалната мрежа.

Извор: република.мк

Коментирај