Шекеринска се пофали на Фејсбук: Македонското знаме во Лондон на јарбол до знамињата на останатите членки на НАТО

0
175

Гордост! Знамето на нашата татковина кренато на јарбол во Лондон, во пресрет на Самитот на НАТО. Заедно со останатите 29 членки. Вредеше!, напиша министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на својот профил на Фејсбук.

На самитот на НАТО во Лондон, Македонија ќе седне на иста маса со лидерите на земјите членки на Алијансата. Владината делегација ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, а во нејзин состав ќе бидат и министерката Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Земјата ја дели само една ратификација од полноправното членство во НАТО, со оглед дека за десет месеци Протоколот за пристапување на нашата држава во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки. Во завршната декларација од Самитот предвидено е во посебен параграф да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка.

Коментирај