Шекеринска: Приоритетите за Теарце, ќе се одлучуваат во Теарце

0
398

Заврши времето кога некој министер во три часот наутро можеше да се јавува по телефон и да кажува свои идеи што да биде приоритет во Теарце или на било кое место, туку денес граѓаните на Теарце одлучуваат што ќе биде приоритет во Теарце, порaча заменик – претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во своето обраќање на митингот на СДСМ и коалицијата во Теарце.

„Ќе градиме по план и ќе го градиме она што е најбитно. Не може да се гради луксуз ако не се решени основни прашања, како што се водата и воздухот, ако нема минимум цивилизациски услови како канализација и детски градинки. Не смееме веќе да си дозволиме импровизација што значеше дека Македонија потроши стотици милиони евра за споменици што се распаѓаат додека Македонија мака мачи со каналзиација и основна инфраструктура.“ порача Шекеринска.

Заменик – претседателката Шекеринска порача дека на 15 октомври граѓаните преку поддршка за кандидатите на СДСМ и коалицијата имаат можност со глас и пенкало да покажат дека се посилни од сите оние кои сакаат да ги вратат назад и ќе покажат дека животот се враќа и во Теарце.

Коментирај