Шеќеринска: По потпишувањето на Преспанскиот договор, Грците нема да скандираат „Македонија е грчка“

0
552

Скандирањата на воената парада во Солун против Договорот од Преспа не е во духот на пријателство и создавањето добрососедски односи, оцени вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шеќеринска, одговарајќи на новинарско прашање по денешната промоција на новите професионални војници во скопската касарна „Илинден“.

– Ова што се случи во Грција не е во духот на пријателство, и не е во духот на создавање на такви добрососедски односи. Тоа покажува дека таквите сили кои се противат на регионалното помирување, на изнаоѓање решенија, на барањето такви добрососедски договори, ќе продолжат и понатаму да го тестираат Балканот. Ова покажува дека Договорот во Преспа е вистински начин да ги решаваме вистинските проблеми на граѓаните, а тоа е со разговор, со политика, со наоѓање решенија кои ќе им го понудат тоа што им треба, подобрар живот, поголема стабилност, подобра економија, изјави Шеќеринска.

Токму поради тоа, потенцира, сметаме дека политичките пораки на овој нов дух што се испраќа треба да бидат уште погласни.

– Стана јасно и во Грција дека грчката Влада, како и нашата влада се навистина посветени на тоа да успее договорот. Се разбира дека како и во Македонија, Владата не е единствениот политички фактор и тоа беше видливо и на оваа парада, рече министерката за одбрана.

Таа посочи дека од моментот кога е потпишан договорот, и во Грција и во Македонија постојат групи на луѓе, поединци, организирани групи кои се противат на новиот дух што, подвлече, сакаме да го наметнеме во регионот.

– Тој нов дух се потпира на принципи од типот добрососедство, создавање пријателства во нашето соседство, со нашите непосредни соседи, но и со целиот регион и тој нов дух ги загрозува сите оние политички и не само политички сили кои сакаат Балканот да го гледаат како точка на конфликти, точка на кризи, на страдање. Тоа е видливо и во Република Грција и во текот на ова лето протестите кои беа понекогаш организирани од опозицијата, но делумно организирани и од мали политички групи, покажаа дека не им е далечно дури и насилството, изјави министерката Шеќеринска.

Извор:republika.mk

Коментирај