Шекеринска: 12.000 денари месечно за семејствата без никаков приход

0
361

Изјава за медиуми на Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5
Демир Хисар, 06.12.2016

Во изминатиов период ги посетивме сите села и градови, во изборната единица 5 и во цела Македонија. Секаде граѓаните бараат шанса за подобар живот тука во татковината.

500.000 граѓани низ цела Македонија живеат во сиромаштија и ова е проблем број еден кој мора да го решиме за да животот во Македонија стане подобар.

Затоа во нашиот План за живот во Македонија предвидовме посебна програма за извлекување од сиромаштија на семејствата коишто живеат во најлоши услови.

За секое четиричлено семејство коешто нема никаков приход, државата ќе обезбеди 12.000 денари финансиска поддршка.

Доколку проходот во семејството по различни основи е на пример 6.000 денари тогаш државата ќе додаде дополнителни 6.000 денари за да во секое семејство влегуваат најмалку 12.000 денари.

На тој начин ќе го подобриме нивниот живот. На тој начин ќе ја намалиме сиромаштијата во Република Македонија.

Секој е важен, и затоа битката против сиромаштијата мора да биде приоритет на државата, на институциите, на администрацијата.

На 11 декември ќе гласаме за број 4, за живот во Македонија.

Коментирај