Шефот на хируршкиот тим од „8-ми септември“ раскажува за тешката ноќ

0
482

Во попладневните часови добил повик од дежурната екипа дека се случила сообраќајна несреќа и дека ќе мора да се мобилизираат сите. Доктор Ридван Бајрами, ден по тешката сообраќајка кај Карпалак, во изјава за Канал 77 ја раскажува тешката ноќ помината во Градската општа болница „Осми септември“.

За жал, вчера имавме голема сообраќајна несреќа. Се мобилизиравме целата екипа. Дополнително од дома, скоро 90 проценти беа за кратко време на работа, раскажува доктор Бајрами од Одделот за дигестивна хирургија, сумирајќи ги впечатоците за долгата ноќ помината на неговото работно место, ден по сообраќајната несреќа која беше кобна за 14 лица.

Во Болницата „Осми септември“ биле примени 37 пациенти, во моментот од нив, таму се 29. Првите пациенти кои биле примени имале тешки повреди на повеќе органи.

Сите беа згрижени во нашата Болница, имаме четворица на интензивна нега. Другите се на Ортопедија и Трауматологија. По полноќ имавме една операција на пациентка со политраума. Имаше внатрешно крварење во абдоменот, влеговме во салата. Тоа е млада пациентка, која е сега стабилна, вели доктор Бајрами, кој за време на дежурството бил шеф на хируршкиот тим. Работата е стресна, додава тој споделувајќи дека секојдневно имаат пациенти со тешки повреди, но тоа се поединечни случаи, за разлика од вчера кога целиот тим бил исправен пред предизвикот да спаси неколку десетици пациенти.

Извор: skopjeinfo.mk

Коментирај