Шеф Никола рипна во тавче: Се ожени познатиот македонски готвач (ФОТО)

0
270

Еден од нашите најдобри готвачи, кој публиката го препознава по кулинарското шоу „Брза кујна“, шеф Никола официјално стави крај на ергенскиот живот и заплива во брачните води.

Имено, пред некое време тој во емисијата најави дека наскоро ќе се жени со својата Стефанија, а викендов се случи и свадбата.

На социјалната мрежа „Фејсбук“ неговите пријатели објавија фотографии од свадбата на македонскиот готвач и открија дел од атмосферата.

Инаку, Никола и Стефанија го очекуваат своето прво дете и наскоро повторно ќе имаат повод за славење.

Извор: kurir.mk

Коментирај