Шарената девојка која на полицијата и посакуваше „Куманово да ви се деси“ удри по СДСМ: Мојата матична партија не ми дозволи реализација на ниту еден проект

0
1968

Ивана Божиновска, девојката која на македонската јавност и’ стана позната во 2016 година, кога на тогашните протести на т.н. „Шарена Револуција“ јавно им порача на македонските полицајци „Да даде Господ Куманово пак да ви се деси“, на својот Фејсбук профил упати разочараност од СДСМ.

-Дали ми фали нешто, дали сум глупава и необразована што оваа власт, мојата матична партија не ми дозволи реализација на ниту еден проект? Не им барав работа, проект со придобивки за граѓаните: Еден проект за децата со посебни потреби, втор за ромите, во С. Врапчиште?

Филип Темелковски не ме удостои на закажаното време, ден да го погледне? За што би барал еве Филип Темелковски глас од мене и моите најблиски? За што би барале други функционери: Дека трчав по институции и молев детето да добие моја здравствена заштита? За тоа што во Труд и социјала лакираа нокти и ми велеа дојди утре?…

73458848_2323985501197256_1704645817970720768_n

Таа во друг свој статус вели дека партијата и негирала образование и способност.

-Не може некој лигле во партија, неиживеани, нереализирани да бутаат по цела фамилија и да ти негираат образование и способност. Од вас џеб терајте си швалерки и десет ако можете, ама не ги бутајте во институциите каде што ние сакам напредок а вие затоа што сте станале фактор да не подје*авате, пишува таа.

73312425_2490790974483952_696789127298809856_n

72757195_1320675078141139_7065921633776566272_n

Извор: курир.мк

Коментирај