Севиља ја зазема првата финална позиција во Купот на Кралевите (ВИДЕО)

0
135

Фудбалерите на Севиља се првите финалисти во Купот на Кралевите откако денес славеа над Леганес со 2:0.

По ремито изминатата недела 1:1, Севиља денес пред своите навивачи успее да се наметне како фаворит.

Веќе во 15. минута Кореа ја искористи одличната асистенција и погоди за 1:0.

Неизвесноста траеше буквално до самиот крај на мечот, Леганес се обидуваше да дојде до продолженија, но потоа Васкез во 89. минута по асистенцијата на Рамирез ги постави конечните 2:0.

Севиља во финалето на Купот ќе се соочи против подобриот од мечот помеѓу Валенсија и Барселона која на програмата е утревечер во 21:30.

Каталонците ја бранат предноста од домашен терен 1:0 и се големи фаворити да стигнат до четвртото врзано финале.

Коментирај