Северна Кореја соопшти дека ќе ги прекине нуклеарните и ракетните тестови

0
326
South Korea's rocket lifts off from its launch pad at the Naro Space Center in Goheung, South Korea, Wednesday, Jan. 30, 2013. South Korea says it has successfully launched a satellite into orbit from its own soil for the first time. Wednesday's high-stakes launch comes just weeks after archrival North Korea successfully launched its own satellite to the surprise of the world. (AP Photo/Yonhap, Lee Sang-hak) KOREA OUT

Севернокорејските медиуми јавија дека прекинот на тестовите започува во сабота.

Северна Кореја соопшти дека ги прекинала тестовите на балистичките ракети со долг домет и планира да ги затвори полигоните за тестирање на нуклеарни бомби.

Севернокорејските медиуми јавија дека прекинот на тестовите започува во сабота.

Северна Кореја одлучила да направи ваков потег со цел одржување на „националниот фокус” и да ја подобри економијата.

Најавата за прекин на нуклеарните и ракетните тестови се случува неколку дена пред севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да се сретне со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, во пограничното село,
со цел да се обидат да стават крај на конфликтот меѓу двете Кореи.

Одлуката на Северна Кореја беше донесена на пленарна седница на Централниот комитет на владејачката Работничка партија, која дискутираше за „нова ера“ во политиката. (МИА)

Коментирај