Северина: Изгубив едно дете, не сакам да го изгубам и ова

0
320

Синот на Северина една недела ќе живее со мајката, а една недела со таткото. Судијката одлучи дека Северина смее своето дете да го побара само еднаш на ден, точно во 20 часот.

Новинарот Зоран Шпрајц на РТЛ, нагости две мајки кои се борат за старателство над својот син, Северина Којиќ и Нина Кулуз.

Имено, Кулуз како што тврди, пред пет години избегала од таткото на своето дете, кој бил насилен. Тој тогаш ја тужел за киднапирање на детето и направил национален скандал. Во меѓувреме судот донел одлука дека малиот Чезаре мора да се врати кај таткото во Италија.

Северина се плаши и на неа да не и го одземат синот и ја поддржа Нина Кулуз. За борбата за својот син одлучи да проговори, затоа што како што вели не е време за молчење.

-Психички ме малтретираше. Во еден момент ми се закани дека ќе ми го загорчи животот и ќе го земе дететот, мислев дека ќе му помине, кажа Северина.

Објасни дека секојдневно не го гледал детето дури 18 месеци, затоа што мислел дека таткото не му е потребен на детето во таа доба. Милан, според Северина не ги извршувал должностите, а детето не го побарал ниту за роденден.

-На почетокот на животот на детето му праќав пораки дека ќе ги пропушти првите чекори и пола од неговиот живот, бев таа која правеше контакти и која му досадуваше, раскажа таа.

Таа кажа и дека во Центарот за социјална работа Чрномерец и кажале дека може да му се одземе старателството, но таа не сакала.

-Ова не е прва привремена мерка на судијката, минатата година донесе привремена мерка, Александар да не оди во градинка 4 месеци, вели Северина, која дури била и исфрлена од судницата од страна на судијката.

Минатата година не и го вратил детето на време, а се огласи тек кога реагираше полицијата, која против него ќе поднесе казнена пријава.

-Тогаш бев во процес на вештачко оплодување, не смеев да имам стресови, објаснува пејачката.

-Тогаш го изгубив детето, но ова не планирам да го изгубам, кажа и упати апел до хрватскиот премиер Пленковиќ, вакви работи повеќе да не се случуваат.

Како што раскажува Северина, Милан Поповиќ отишол толку далеку, што дури и донел лажни медицински наоди од Србија, со кои тврдел дека малиот Александар е анорексичен.

-Јас сум мајка и горда сум на секој чекор на моето дете, а тој е човек кој се фотографира, вели Северина.

Поповиќ ја пријави Северина и нејзиниот сопруг Игор Којиќ поради фотографии на малиот Александар на нивните социјални мрежи, а според приказната на пејачката, Милан при излегувањето од родилиштето предложил фотографија од детето да ја продадат на еден весник за 50.000 евра.

Северина раскажа дека има информации за тоа дека Милан Поповиќ живее во Загреб и дека е во врска со жена која има две деца, едно од пет и едно од седум години.

-Александар се дружи со нив и ми ги спомнуваше, кажа пејачката и објаснила дека бракот на таа жена се распаднал пред 3 месеци поради Поповиќ.

Таа ја прозва и адвокатката на Милан Поповиќ, Елеонора Катиќ.

-Нејзините деца имаат среќа што таткото кој е хрватски државјанин, секој втор викенд го посетува децата. Нејзините деца останаа заштитени, а мојот Александар не, вели Северина.

Според привремената мерка на судијката Верица Никиќ од загребскиот Општ градски суд од пред еден и пол месец, 5 годишниот Александар една недела ќе живее со мајката, а една со таткото. Понатаму според таа одлука, детето една недела во јули, една недела во август ќе помине со пејачка, а останатите недели во тие месеци со српскиот милијардер.

Судијката одлучи дека Северина 200 дена годишно не може да го види синот, а смее да го побара само еднаш на ден точно во 20 часот. Доколку закасни минутка ја крши привремената мерка. Исто така, татко не е должен да ја извести мајката каде им е синот.

Коментирај