Сето друго е штетно: Еве колкав временски период е здраво да се сончате

0
212
Vacation couple relaxing in teak chairs enjoying some fruit on perfect day in Florida

Сончањето во умерени дози и периоди носи бенефит на кожата и човечкото здравје, бидејќи на тој начин се апсорбираат природни залихи на витаминот Д. Но, секое претерано и долготрајно изложување на сонце, особено во летниот период, кога сончевите зраци се далеку посилни и поштетни, може да резултира со негативни естетски и здравствени ефекти по човечката кожа и здравје.

Шпански тим од научници, по извршени долготрајни истражувања и анализи, го дефинирале оптималното време кое секој човек е препорачано и е здраво да го помине изложен на директно сончево зрачење, а да имате максимален бенефит и минимален ризик. Резултатите беа објаввени на интернет порталотThe Information and Scientific News Service (SINC).

Во зимскиот период, нормално е потербно подолго време да поминете на сонце, околу 2 часа со минимум 10% од површината на кожата изложена директно на сончевите зраци. Според докторите, изложеноста на телото на сонце во зима е многу покорисна заради тоа што интензитетот на UV зраците е далеку помал, па сончањето е покорисно. Внимавајте, овој концепт не важи доколку има снежна покривка околу вас, затоа што тогаш може да дојде до други последици заради UV-C зраците.

Од друга страна, во пролет и лето периодот на изложеност на директно сончево зрачење не треба да е подолг од 10-15 минути во поериодот до 12 часот и околу 20 минути од 15 до 17 часот. Должината на периодот е пресметана за да се изнајде оптимумот за синтетизирање на дневната доза на витаминот Д. Како што приметувате, во периодот од 12 до 15 часот не се препорачува воопшто изложоженост на сонце. Во есенскиот период препорачаното времетраење на изложеност на сонце е за 30 минути подолго од пролет и лето.Во принцип даденото времетрање на оптималниот период е даден за умерените географски ширини.

Извор:taratur.mk

Коментирај