Сестрата на Нејмар удри по навивачите на ПСЖ – Еве што им порача

0
61

Навивачите на ПСЖ во натпреварот против Ним во првото коло од француското првенство испратија јасна порака дека Нејмар не е пожелен во Париз.

Навивачите во текот на натпреварот истакнаа транспаренти со пораки против Нејмар, а покрај тоа и скандираа против Бразилецот.

Поради таквото однесување на навивачите на социјалните мрежи се огласи сестрата на Нејмар која жестоко ги нападна.

„Какви одвратни и невоспитани луѓе сте вие. Се уште го сакате мојот брат во вашиот тим. Без него нема ништо да освоите. Одје*ете!“, напиша Рафаела.

На тој нејзин твит следуваа бура од коментари од навивачите на ПСЖ, а потоа Рафаела го избриша твитот.

Сепак подоцна и нејзиниот Твитер профил беше избришан.

Коментирај