Сергеј Варошлија со емотивна порака му го честиташе роденденот на притворениот Боки 13

0
2004

Познатиот ТВ Водител, Сергеј Варошлија преку својот Фејсбук профил му упати емотивна роденденска порака на Бојан Јовановски – Боки 13, кој поради аферата „Рекет“ во моментот се наоѓа во притвор во Шутка.

Да сакаш на другар да му честиташ роденден, а тој да не може да ја прими искрената честитка…

IMG_20190819_191358_818

„Можете да го нарекувате како сакате, со секакви надимаци и описни зборови, но за мене бил и ќе остане само едно име – Бојан, кое асоцира на другарство, пријателство, едно од оние ретките, едно од оние малкуте кои и јас, и сите ние ги имаме во животот, едно од оние кои се бројат на една рака!

Еден од ретките кои искрено се грижеше, бореше и интересираше за сите, а „сите“ наоколу ретко, а уште помалку искрено се грижеа или бореа за него, зошто повеќе ги интересираше „што, како, зашто…“ заслепени од тие „прашања“ не можеа да ја видат неговата суштина и човечност пред се! Но не за џабе викаат „човек на човек му е огледало”!

Среќен роденден драг мој Бојан! И како вика онаа народната „се проаѓа“ битно да си ми жив и здрав!

П.С Благодарам на малкуте пријатели што ми се јавија- пишаа во овој период , вие знаете кои сте!“, напиша Варошлија, кој дополнително нагласи дека и на овој негов пост за Боки 13 нема да толерира негативни коментари на неговиот профил.

IMG_20190819_192150_694

Коментирај