Серафимовска: СДСМ во Штип врши политички реваншизам, се прераспоредуваат вработени во детски градинки

0
456

По менувањето на политичката власт на локално ниво сведоци сме на настани кои недвосмислено укажуваат на фактот дека установите, чија основна функција треба да биде згрижување и воспитание на деца, преку ноќ прераснаа во арена за политички пресметки, партиско раскусурување и задоволување на лични интереси, изјави на прес-конференција Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„Неодговорното управување со детските градинки во општина Штип кулминираше со реакцијата од видно вознемирените родители по најновите случувања. Станува збор за политички реваншизам и разместување на досегашните вработени на различни работни места, од една во друга градинка, без притоа да се води сметка за емотивната приврзаност која се појавува на релацијата воспитувач-дете. Имајќи предвид дека се работи за најосетливата категорија на деца, не почитувајќи ја вообичаената пракса иста воспитувачка да ги води истите деца почнувајќи од мала, средна, па до голема група, и не водејќи грижа за последиците по емотивното здравје и понатамошниот развој на најмладите, градинките прераснаа во арени за политички пресметки. За трагедијата да биде уште поголема, и покрај гласните укажувања на советниците на ВМРО-ДПМНЕ на последните две седници на Советот на Општина Штип, оваа локална власт ја поддржа иницијативата на градинките да примаат зголемен, неограничен број на деца во градинките, прекршувајќи ја досегашната пракса за зголемување најмногу до 5 деца. Оставено на лична перцепција на директорот, зголеменото згрижување на деца може лесно да доведе до надминување на капацитетите на градинките и можностите на стручниот кадар со што директно се загрозува здравјето на децата.“

-Ако се знае дека средствата од месечните уплати не се слеваат во државна каса, туку со нив директно управуваат директорите на градинките, дополнително се отвора сомнение која е целта на ваквата одлука? Треба да се знае дека со забрзани партиски вработувања и популистички одлуки не се прави услуга на родителите, туку директно се загрозува безбедноста на најмладите. ВМРО-ДПМНЕ порачува теснополитичките интереси да стојат подалеку од животите на најмладите, посочи Серафимовска.

Извор:kurir.mk

Коментирај