СЕПАК ЌЕ СЕ ЈАДАТ ЖИВИ ЛУЃЕ: Заев најави чистка и во јавната администрација и во Владата

0
1200

За највената реконструкција и кадровско проветрување премиерот Зоран Заев во интервју за МИА вели дека има прилично јасна претстава какви решенија треба да бидат преземени. „Ги правам последните консултации. На разрешувањата треба веднаш да им следуваат и новите именувања. За мене е сосема логично некој што не може да испорача резултати да биде разрешен или сам да се повлече“.

Прашан дали ова проветрување ќе важи и за најголемиот коалициски партнер зашто има многу забелешки што се упатуваат на таа адреса, затоа што, пред се, оттаму се очекуваа нови луѓе, премиерот во интервјуто излегува со ставот дека ДУИ понуди луѓе кои не беа во претходната власт, луѓе кои даваа надеж дека ќе се работи тој вели:

-Јас на луѓето во Владата не гледам како на луѓе од СДСМ, како луѓе кои дојдоа од експертската сфера, од граѓанскиот сектор или од било која друга партија. Гледам на нив како на луѓе кои треба да испорачаат резултати. Дополнителен критериум за мене е колку нивната работа влијае да се забележи разлика од политиките на претходната власт, дали работата на институцијата е променета на подобро. Граѓаните ја променија власта и логично е да очекуваат конкретни, видливи промени во институциите. Следува прашањето дали сме реализирале барем дел од ветувањата, од програмата што сами ја понудивме. Носителите на јавни функции мора да испорачаат резултати со кои се подобрува животот на граѓаните. Во тие рамки ќе се движат размислувањата и одлуките за промените што ќе следуваат.

Заев смета дека продуктивноста на администрацијата е катастрофална.

– Точна е фразата, „клати врата – земај плата“, но јас би додал и „хихихи – хохохо, кафето да го испиеме, весникот да го прочитаме, порталите да ги искоментираме…”, и толку е. А некој чека надвор. А од тоа негово чекање зависи дали тој административец ќе земе плата… Ако ја дигнеме продуктивноста на јавната администрација, Македонија ќе направи еден сериозен прескок. Оттука само ќе им се заблагодариме на сите што нема да си ја работат својата работа. Работиме, секој да биде искористен. Тој што не може да биде искористен, ќе му се заблагодариме или сам ќе си замине на некое место каде што го ќе го бива.

Во моментот со средно образование во јавна администрација се зема плата од 14.500 денари. Во приватниот сектор во Република Македонија со средно се земаат плати од 18 до 24 илјади денари поради недостигот на работна сила. Премините кон бизнис секторот се реални, за тоа овозможуваме и преквалификации и тоа, само по себе, ќе направи одредено олабавување во администрацијата – вели Заев.

Коментирај