Семејството Дурловски со „На Струга дуќан да имам“ докажаа: Во ова е време-невреме 7/8 може да стоплат нечие срце (ВИДЕО)

0
1283

Во ова е време-невреме седум/осмини може да стоплат нечие срце. „Што ми е мило на Струга дуќан да имам“ #СедиДома #ЗаштитиСе, напиша оперскиот пејач Игор Дурловски на својот Фејсбук профил и објави видео во кое со сопругата Ана и трите деца пеат.

Дурловски поради заштита од пандемијата со корона ги минуваат деновите дома со семејството и со хаштаг порача истото да го направат и неговите следбеници на оваа социјална мрежа.

Слушнете ја прекрасната изведба на македонската песна „Што ми е мило на Струга дуќан да имам“ испеана од семејството Дурловски, која со сигурност ќе ви се допадне и безсомнено ќе ви ги стопли срцата. Уживајте:

Ова не е прв пат семејстово Дурловски да го поздрави Македонскиот народ со убава македонска песна. Тие го честитаа големиот македонски празник Илинден со легандарната песнана гемиџиите „Налеј, Налеј“:

Видео: Игор и Ана Дурловски со децата ја пејат „Налеј, налеј“ и го честитаат Илинден

Коментирај