СЕЛО ГОРИ, КАТА СЕ ЧЕШЛА: „Болната“ Катица фатена жива во фризерски салон во Скопје? (ФОТО+ВИДЕО)

0
1139

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева која поднесе оставка во истовремено со апсењата за „Рекет“ и зема боледување само еден ден по мега аферата во која првосомничен е нејзиниот близок пријател Боки 13. Ваквата состојба во јавноста разбуди голем coмнеж дека обвинителката навистина има некаков проблем со здpaвјето.

Cомнежите на граѓаните се уште поголеми откако на социјалните мрежи беше објавено дека Јанева е забележана во „Палма” во Карпош 4 во друштво на две пријателки – но за истото немаше доказ, а особено сега откако се појавија неколку видео снимки кои наводно се снимени денес, а на кои најверојатно е специјалната обвинителка Јанева.

Фотографијата и видеата наводно се снимени во скопски салон за убавина, а од нив се гледа како на Јанева наводно и прават фризура. „Кога си Супер Херој напрапникот си ужива до тебе… Внимание“, напиша Марија која ги објави видеата на својот Фејсбук профил.

„Додека Вилма 3 месеци ја покрива Катица рекетарица и не ја апси како првоосомничена во случајот рекет. Катица си се лади по фризерски и козметички салони“, напишаа на Фејсбук страницата Бојкотирам #Апсаана и ги споделија објавата со видеата од Катица Јанева.

Коментирај