Села: На ниеден Албанец нема да му биде загрозено работното место поради партиска припадност

0
125

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, вети дека ако на изборите победи коалицијата со Алтернатива, на ниту еден Албанец нема да му биде загрозено работното место поради нечија партиска припадност.

Села истакна дека идејата на ДУИ за премиер Албанец е обид за камуфлирање на дискриминацијата и угнетувањето на Албанците.

-Но, ние сакаме поддршка за нивно добро, кажете им дека сакаме поддршка да ги направиме Албанците да се чувствуваат слободни, дури и Али Ахмети да се чувствува слободен и да не се плаши што е во фиоките на службите. Ги плашат Албанците со кршење на прагот дека Алијансата ќе дојде и ќе ги избрка од работа. Имав извршна власт, не избркав никого, рече тој.

Коментирај