Села: Доколку се направи влада само со Македонци, тогаш ќе се формира и влада со Албанци

0
479

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села за дебатната емисија на ТВ 21 вели дека нема ДУИ да падне доколку се гласа за СДСМ.

Во 2016 година имаше многу Албанци кои гласаа за СДСМ за да ја урнат ДУИ. Видоа дека ДУИ не може да се урне со гласање на СДСМ. ДУИ може да се урне со гласање на коалицијата „Сега е време“, изјави Села.

За можната идеја Влада без Албанци, тој вели дека ако те исклучуваат од системот мора да направиш паралелен, но никогаш не бил против идејата за премиер Албанец.

Сите закони помалку или повеќе во својата основа го имаат тоа. Јас ги прашав, со оглед дека вие ветувате дека ќе направите македонска влада, дали сте свесни дека со тоа ги отстранувате Албанците од системот? Второ – Кога ти исклучуваш некого од системот, има ли тој право да го бојкотира системот? Нормално, бидејќи е отстранет. На сите начини, да не плаќа данок, итн. Кога другиот го бојкотира системот, има ли право да направи паралелен систем?, прашува Села.

Тој смета дека доколку се направи Влада само со Македонци, тогаш ќе се формира и Влада со Албанци.

Коментирај