Секулов „растура“ во Италија: Сега доби место идеалните 11 во младинските категории на Јувентус! (ФОТО+ВИДЕО)

0
155

Македонија има фантастичен фудбалски бисер кој во редовите на италијанскиот гигант полека се развива во голем фудбалер.

Секулов повеќе пати покажа дека се работи за фантастичен играч на кого му претстои блескава иднина, а сега од италијанските медиуми доби место во идеалниот тим составен од младинските категории на Јувентус за овој викенд – клубот кој доминира во Италија!

Македонскиот фудбалер во викендот кој е зад и постигна гол во натпреварот против Парма.

Moжеме само да замислиме колкава конкуренција има во тимот кој долги години владее со Италија, па токму затоа овој податок за Секулов е само уште еден доказ дека се работи за одличен фудбалер.

Секулов има само 16 години, а неодамна одработи и тренинг со првиот тим на „старата дама“ каде што можеше собира искуство од фудбалери како Кристиано Роналдо, Паоло Дибала, Марио Манџукиќ…

Mинатата сезона Секулов стана шампион во неговата генерација, потоа триумфираше и во Суперкупот каде што постигна гол и беше прогласен за играч на натпреварот.

Извор: sportski.mk

Коментирај