Сексот ги чинеше живот: Се паркирале во гаража, ги пронашле мртви

0
342

Надлежните наведуваат дека засега нема докази за злосторство, но форензичарите работат на тоа да утврдат што навистина се случило.

Маж (39) и жена (44) се пронајдени мртви во автомобил во гаража во германскиот град Ботроп, а службите сметаат дека се задушиле за време на секс.

Тие го вклучиле моторот за да се стоплат, а нивните голи тела подоцна ги открила полицијата.

Моторот на возилото наводно работел неколку часа зад металната ограда на гаражата.

Полицијата ја отворила вратата од гаражата затоа што семејството на мажот пријавило дека него го нема со денови. Во меѓувреме полицијата го истражувала и ненадејното исчезнување на жената. Надлежните наведуваат дека засега нема докази за злосторство, но форензичарите работат на тоа да утврдат што навистина се случило.

Направени се тестови за да се утврди нивото на јаглен диоксид во крвта на љубовната двојка.

Сè укажува на тоа дека е во прашање несреќен случај, наведува полицијата.

Јавниот обвинител наредил аутопсија на телата за да се отстрани секаков сомнеж дека не е во прашање злосторство.

Коментирај