Секс за време на месечен циклус

0
2510

Во циклус сте. Веројатно ве боли, плачете на секој филм кој го гледате, потоа повторно ве боли, а потоа сте возбудена… На прво место тоа е сосема нормално. Всушност, оргазмите можат да помогнат за смирување на болките.
Можеби мислите дека сексот за време на менструација е одвратен, но не грижете се, само со неколку трикови можете да имате прекрасен секс во тоа време од месецот.

1. Не мислете дека сексот е само традиционалниот секс
Всушност, повеќето оргазми се предизвикани од стимулацијата на клиторисот, а не од пенетрацијата. Значи овој период од месецот клиторисот може да биде ваш
спасител. Не заборавајте да бидете нежни, бидејќи телото за време на месечен циклус е почувствително.

2. Секс под туш
Ако сепак сакате да имате традиционален секс, сексот под туш е најдобрата опција. Така ќе бидете сигурни дека нема да ги уништите вашите чаршафи. Ако имате секс под туш, сè ќе биде почисто…

3. Користете менструална чашка
Менструалните чашки овозможуваат навлегување без проблем независно дали користите прст, пенис, дилдо или некаква играчка и притоа се останува чисто.

4. Користете го овој период, за да пробате нешто ново
Одличен момент да пробате анален секс или различни нови секс играчки.

5. Ставете крпа на креветот и не обрнувајте внимание на крвта
Сексот за време на циклус може да биде одличен! Иако многу луѓе го негираат, нема ништо лошо во тоа да пробате. Ако вие и вашиот партнер немате проблем со крвта, едноставно дејствувајте. Земете една темна бањарка, постелете ја на креветот и уживајте! 🙂

Коментирај