Секс во секое време и на секое место!

0
672

Постојано бараме причини за да имаме повеќе секс. Излегува дека тој ни носи
многу повеќе од само физичко задоволство. Здравствените и психичките предности,
кои ги нуди сексот ќе ве натераат веднаш да се пикнете под чаршафите со вашата девојка/жена.

Сексот ве прави среќни поради окситоцинот кој се произведува во телото. Тој е познат како хормон кој го редуцира стресот, неколку минути откако ќе достигнете оргазам.

Сексот го намалува ризикот од рак на простата
Колку почесто ејакулирате, толку повеќе се намалува шансата да заболите од
оваа подмолна болест.

Сексот ве тера да уживате во работата
Луѓето кои имаат секс во текот на ноќта пред работниот ден уживаат многу
повеќе на времето поминато на работното место.

Сексот ја подобрува „работата“ на вашиот пенис
Честиот „тренинг“ го одржува вашиот „инструмент“ во одлична форма.

Сексот го подобрува вашиот сон
По сексот сте опуштени, стресот исчезнува и ви останува само да заспиете.

Сексот ги гори калориите
Ова се случува по првите 25 минути.

Сексот му помага на срцето
Докажано е дека кај мажите кои имаат секс два или три пати неделно има
значително помал ризик од кардиоваскуларни болести, отколку кај оние кои имаат
секс само неколку пати во месецот.

Сексот го зајакнува вашиот имунолошки систем
Потребно е да имате секс барем еднаш во неделата.

Сексот ја „лекува“ главоболката
Следниот пат кажете и го тоа на вашата жена 🙂 …

Сексот ја подобрува вашата интимна врска
Има ли подобра причина од оваа за да се упатите кон вашата спална соба токму во овој момент? 🙂

Коментирај