Секретаријатот за рамковниот договор на Хазби Лика со 1.700 вработени ќе стане министерство

0
403

Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, кој е предводен од владиниот потпретседател Хазби Лика, а во кој има околу 1.700 вработени, меѓу кои голем дел што не одат на работа, наскоро оди во историјата откако група пратеници од парламентарното мнозинство во Собранието на Република Северна Македонија предложија измени и дополнувања на Законот за организација и работа на државните органи и Законот за Владата. Со предложените измени се предвидува формирање на нов министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Како резултат на функционирањето на државата во делот на политичкиот систем, имплементација на Охридскиот рамковен договор и принципите кои произлегуваат од овој договор, како и за промоција и заштита на правата на припадниците на етничките групи во Република Северна Македонија, постои потреба од формирањето на новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците “, се вели во појаснувањето на предложените законски измени.

Коментирај