Секојдневни лаги во кои никој не би требало да верува

0
147

Работите во кои верувате и работите во кои не верувате се нераскинливо поврзани. Понекогаш е многу лесно да ги согледате работите во кои не сакате да верувате со цел да ги најдете работите во кои сакате да верувате.

Никако не смеете да верувате во овие работи, затоа што тоа се токму оние лаги кои ве спречуваат да напредувате.

Само уште пет минути да поспијам и ќе бидам наспан/а

Одложувањето на алармот изгледа како добра идеја кога ви се спие, но поголема корист ќе имате ако си легнете порано отколку да го одложувате спиењето. Повеќето истражувања покажуваат дека одложувањето на алармот прави повеќе штета отколку корист.

Потребно ми е _______________________________ за да бидам среќен/а

Единствениот збор кој се вклопува во празното поле е „задоволство“. Идејата дека што било друго ви е потребно за среќа е целосно невистината.

Сите [тип на луѓе] се [стереотип]

Стереотипите не само што ги навредуваат другите луѓе туку не им прават добри и на оние кои веруваат во нив. Доколку претпоставувате дека сите мажи се кретени или дека сите жени само се лепат за пари, ќе пропуштите многу шанси да запознаете прекрасни луѓе.

Не можам да се променам

Промените се можни, доколку се обидете да ги напрравите на вистинскиот начин. Повеќето луѓе се обидуваат да променат сѐ одеднаш, а тоа не функционира. Промените треба да се прават полека и тактички: потребно е време за да се спроведат и остварат.

Џабе ќе се трудам

Обидувањето и трудот е сѐ! Доколку не се обидувате, што правите? Каде стоите? Ако не пробате, нема ни да знаете дали е можно!

Светот е против мене

Светот не е ниту против вас, ниту на ваша страна. Вие го учите светот како да се однесува со вас. Навистина нема никаква завера против вас!

Луѓето не ме сакаат

Да, сигурно има луѓе на кои не им се допаѓате, но нѐ има преку седум милијарди луѓе на планетава. Пронајдете ги оние кои ве сакаат.

Не сум доволно талентиран/а

Талентот не е толку важен колку вежбањето. Природниот талент помага, но тој не е главниот фактор за напредокот во животот.

Јас сум жртва

Ова е сосема неточно. Можеби некогаш и сте биле, но имајте на ум дека жртвите не се во состојба да го создаваат својот сопствен пат. Без оглед на тоа што ви се случило во животот, треба да знаете дека уште денес можете да почнете да создавате нов живот и нов пат.

Моите соништа се мртви

Вашите соништа се живи сѐ додека живеете вие.

Тоа е најлогичниот начин за согледување на вашата ситуација.

Извор: СкопјеИнфо.мк

Коментирај