Секоја фризура си говори за карактерот

0
254

Фризурата е важен дел од нашиот изглед и сите одвреме-навреме сакаме да направиме промени со косата.

Но, дали сте знаеле дека токму тој избор на промени кажува какви карактеристики имате?

Не е залудно кажано дека жената која ја менува фризурата, се менува целосно и одвнатре, а истото важи и за мажите и машките фризури кои го откриваат карактерот

Овојпат откријте што се крие зад изборот на женската фризура:
Модерен боб
Овој тип на фризура го бираат жените чие расположение постојано се менува. Тие се смирени и пријатни во еден момент, а веќе во следниот може да избувнат. Амбициозни се, сакаат да менаџираат и лесно ги достигнуваат целите во кариерата.

9-popularni-zhenski-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-zhenata-02.jpg
Кратка и рамна коса
Жените кои сакаат ваква фризура се нежни, пријатни и ранливи. Тие имаат многу пријатели и лесно наоѓаат тема на разговор, а секогаш знаат добро да ги ислушаат блиските. Сакаат да ги заштитат другите, а самите се многу кршливи.

9-popularni-zhenski-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-zhenata-03.jpg
Долга и рамна коса
Овие жени имаат фатална убавина и сакаат да бидат во центарот на вниманието, слушајќи ги комплиментите кои им ги упатуваат. Тие се харизматични, но истовремено и мистериозни, а сите им се восхитуваат.

9-popularni-zhenski-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-zhenata-04.jpg
Избричена на едната страна, а на другата кратка

Креативни и независни личности кои не се грижат за туѓото мислење би одбрале ваков храбар тип на фризура. Но, позади ваквиот изглед најчесто се кријат суптилни чувства и немир. Сакаат разновидност и со секој се однесуваат различно зависно од нивниот став.

9-popularni-zhenski-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-zhenata-05.jpg
Долга и брановидна коса
Жените кои бираат брановидна фризура се свесни за нивните цели и намери и ги следат до крај. Тие се расположени и покрај нив секој се чувствува пријатно и позитивно. Знаат да дадат добар совет доклку го побарате до нив.

9-popularni-zhenski-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-zhenata-06.jpg
Пикси фризура
Бунтовните жени бираат кратки и разбушавени фризури. Тие се независни, поседуваат машки квалитети кои умешно ги кријат и ги користат ако е неопходно. Не зависат од нечие мислење и предизвикуваат восхит кај сите. А, колку е пократка косата, толку се похрабри.

9-popularni-zhenski-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-zhenata-07.jpg
Геометриски облик
Острите линии на фризурата кои создаваат геометриски изглед, претставуваат конзервативна дама со доза на креативен сјај. Знае точно што сака и го прави на начин на кој и другите го посакуават. Истовремено, се обидува да ја скрие душата и чувствата и е разумна.

9-popularni-zhenski-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-zhenata-08.jpg
Фризура со шишки
Шишките може да се поврзат со чудни личности кои се кријат себеси и се заштитнички поставени. Колку се подебели и подолги шишките, толку посилно сака да изгледа. Овие жени се романтични и ранливи.

9-popularni-zhenski-frizuri-koi-go-otkrivaat-karakterot-na-zhenata-09.jpg
Честа промена на фризурата
Овие жени кои еден ден бираат елегантен изглед, а следниот се одлучуваат за храбар и бунтовен, се ексцентрични и обожаваат промени додека константно се бараат себеси. Не седат мирни, сакаат нови искуства и динамичен живот.

Коментирај