Секој андроид има тајна опција што ќе го забрза вашиот паметен телефон

0
469

Без оглед на тоа дали ја имате најновата верзија Андроид на својот телефон или пак постар уред кој почнува да „кочи“, постои мал трик кој треба да ја забрза работата на вашиот телефон.

Ова значи дека ќе имате пристап до тајното мени коешто често го користат програмерите за некои мали измени и подесувања. Иако звучи сложено, сепак постапката трае неколку моменти и е едноставна.

Кај сите телефони што имаат верзија Androida Lollipop 5.0 или повисока, овој трик ќе функционира.

Чекор 1: Одете во подесување и најдете ја опцијата „About phone” (обично е на крајот).

Чекор 2: Листајте надолу и притиснете на „Build number”. Држете додека не ви се појави порака „You are now a developer!”.

Чекор 3: Вратете се назад во подесувањата и ќе ви се појави опцијата „Developer options”. Одберете ја.

Чекор 4: Ќе ги видите опциите „Window animation scale”, „ Transition animation scale” и „Animator duration scale”. Клинете на секоја од нив и наместете Animation scale да ви биде на .5x.

Потоа рестартирајте го телефонот и ќе видите дека ќе работи побрзо.

Запомнете: не се обидувајте да влегувате во ниедно друго мени, ниту да менувате што било друго. Во спротивно телефонот ќе ви „заврши“ на сервис.

www.hybread.mk

Коментирај