СЕКОГАШ ОРИГИНАЛНА: Ина Многуфина објави „правилник“ за фино однесување во авион

0
1427

Популарната, таинствена и секогаш оригинална Ина МногуФина на својот Фејсбук профил објави „правилник“ за фино однесување во авион.

Нејзината објава ја пренесуваме интегрално:

Сега пред лето да се потсетиме како се понашаме во авион посебно во Визер:
– не го малтретирај екипажот не се дојдени само за еден сељак
– не ги соблакај чевлите грозно е
– тоа над твојата глава не е само за твојата торба
– не спиј на масичето што се спушта од седиштето
– не мора да седиш до прозор нема шо да се види, облаци ко облаци
– боцата кислород е за не дај боже не дека тебе ти се врти малку
– не пуштај музика на спикер, да сакав да ја чујам новата од Цеца ќе ја чуев. И тој позади тебе да не пушта Карлеуша. Купете си слушалки, не сте диџеи у авионот!
– ако има турбуленции не викај по кумот што седи напред да драпате интерни шеги на тема посер
– на чекирање не се буткај ко пред апокалипса, сите ќе се качат што се на гејт
– џабе се тепаш да влезеш прв пак ќе го чекаш последниот да се качи
– чекирај си ги картите онлајн
– не пукај со мастика назачки не си у штала
– не го спуштај седиштето ако не прашаш позади дали може, може ќе му е тесно на тој ако е многу висок
– детето не треба да ти трча по патеката
– не се еби у вц сите глеаме кој влага
– не играј ора у авион
– не мавај аплауз на слетување не го освоивте светот ниту се боревте за преживување, слетавте безбедно ок е!
– не се буткај за излез, пушти ги тие од седиштата да излезат, нема да те затворат внатре
– кажи пријатно на екипажот

Коментирај