Секогаш ќе постои личност која не можеме да ја заборавиме

0
139

Во нашите животи секогаш ќе постои една личност на која ќе и припаѓа нашето срце до последниот здив.

Таа личност го има најголемиот дел од нашето срце и единствената која не променила и влијаела на нас на начин на којшто никогаш не сме ни очекувале дека тоа може да се случи. Без оглед на тоа колку таа личност останала во нашиот живот, помислата на неа секогаш ќе го запре за миг нашето дишење. Нема никогаш да се ослободиме од тоа. Таа секогаш ќе остане дел од нашиот живот.

Тоа е преубаво чувство.

Да знаеме дека сме биле сакани, дека една личност имала толку големо влијание на нашиот живот, дека во нивните очи сме биле драгоцени и обожавани. Дури таа љубов да траела кратко, и таа личност веќе да не е покрај нас, тоа секогаш ќе остане дел од нашата меморија. Таквата љубов е најсилното нешто во нашиот живот. Така сме научиле да сакаме и да бидеме сакани. Да знаеме и што заслужуваме.

Не гледајте на нивното заминување како на трагедија. Не им се лутете. Не живејте со скршено срце. На тоа гледајте како на нов почеток, кој отвора пат кон нова љубов и нов вид на магија.

Не дозволувајте во вас да остане горчина. Не дозволувајте да ја изгубите вербата во љубовта.

Ќе сакате повторно.

Во меѓувреме, чувајте ги сеќавањата. Не заборавајте.

Извор: СкопјеИнфо

Коментирај