Секогаш имаме избор, секогаш имаме најмалку две опции кои водат на две различни страни…

0
612

Изборот е најмоќното нешто што ни е дадено со самото раѓање. Секогаш имаме избор, секогаш имаме барем две опции кои водат на две различни страни.

Работата е во тоа што ние не сакаме да направиме избор. Полесно ни е да ги кренеме рамениците и да кажеме: „Ама такви се околностите, немам избор“. Ова е грешка на системот во нашата глава.

Имаш избор уште од самото будење: Да станеш или се откажеш? Звучи смешно, но навистина е така, дали денес ќе станам и ќе направам нешто за себе или ќе го преспијам и овој ден. Кој и да е правецот – одлуката е твоја, но и последиците се твои. Не можете да обвинувате никого освен самите себе за тоа што сте одлучиле да преспиете.

Денот има 24 часа и сите правиме или не правиме нешто во тој временски период. Некој заработува милиони, некој си го чепка носот, некој не излегува од дома, некој ужива во природа и во преубавиот ден. И сѐ се сведува на тоа дека станува збор за одлука.

Работата е што треба да сфатиме дека не може секој ден да се повторува, дека истите денови се нижат еден по друг и така го создаваат нашето минато, нашите спомени, но тие денови ја кројат и нашата сегашност и иднина.

Застанете, запрете и запрашајте се кои сте и што сте, каде сакате да бидете и како можете да стигнете до таму. А тогаш нешто ќе ве поттурне и тој момент ќе биде величествен миг за твојот избор и пресврт. И сите награди кои ќе пристигнат по тоа, ќе можете гордо да си ги припишете на себе и на сопствената одлука.

Најубавиот момент е кога ќе сфатите дека изборот сепак постои и дека вие сте господари на секоја секунда од вашиот живот. Купете си цвеќе, средете ја куќата или средете го хаосот во станот и излезете надвор со децата, кучето и ослободете се од стресот. Насмејте се секогаш кога ќе забележите дека грижите ви го брчкаат челото.

Секој ден учете нешто ново, дури и да се работи само за еден збор кој не сте знаеле што значи претходно. Играјте, пејте или молчете. Разведете се ако љубовта умрела или не се разведувајте, останете, пробајте повторно да ја распламтите страста.

Но, немојте утре да ги обвинувате децата поради тоа што сте останале во однос кој не ви се допаѓал. Обвинувајте се себе и својот избор, ако веќе морате да најде виновник. Прекинете го другарството ако веќе се изгубила поврзаноста или немој – изборот е твој.

Одлучете колку пари ќе трошите месечно на себе, одлучете што ве прави среќни, што посакувате…. Одлучете дали сте спореден или главен лик во својот живот. Но, секогаш бидете во мир со самите себе, знаејќи дека сѐ што се случува е токму онака како што вие сте избрале.

Коментирај