Со секира влегол на Ургентен во Тетово

0
1449

По социјалните мрежи се шири снимка од непознат маж кој се шета низ Ургентниот центар на тетовската болница со секира.Ниту МВР ниту Министерството за здравство деновиве не објавиле информација за инцидент во кој е користена секира.

Во последниве 6 месеци имаше најмалку 5 тешки инциденти во кои граѓани физички се пресметува со лекари и медицински персонал. Два од инцидентите се случија токму во тетовската болница.

Коментирај