Сеќавања за една вистинска случка од Кратово

0
234

Во селото Трновец живееле двајца браќа, Ѓорѓи и Спас. Во трончевска маала по чатал многу богати со овци, кози, волови, крави, бавчи, турците секој месец доаѓале за да земат даноци, глоба, пашарина и друмарина. Ѓорѓи не сакал да плаќа и бил храбар, па штом дојдет за даноци се ги бркал. Турците биле ставени у мука, па донеле одлука чауш да запале пот од аскет. Следните седум дена дека се движил аскето, опколувале га пеливани. Куќа опколена, ама Ѓорѓи како земја да га гтнала, нема га и не можат да га најдат, па запалат племња за да му се одмаздат, а брат му Спас го фрлат у племњата. По некое време Ѓорѓи бил приметен од аскеро, турци биле у нервоза, ама искача и Спас од огино и три пути траже чаша вода со ишарет. Нема чаша вода по трети пут у сред огин и од огино у племњата Ѓорѓи искочил со видливи опекотини на лицето и телото. Кога виделе аскето и пеливаните, рекле – „Господ му дал живот, наша грешка е“. И тогај почне да росе ситен благодетен дожд за да ги ублаже раните на Спас Трончески. Со видливи опекотини живеал до 1965 година. Ова го има кажано Ѓоре Смокварски во 1998, а го запишав пред неговата сопруга и Милан од Трновец – мајстор Цветковски во 1998 година.

Запишано и зачувано од Стевче Доневски од Кратово. Наскоро ќе биде објавена неговата книга со многу вакви вистинити случки од минатото на Кратовскиот регион.

Коментирај