Седум работи кои МОРА да ги знаете ако страдате до алергија?!

0
837

Алергиите денес се голем проблем поради кој страдаат се поголем број луѓе. За алергиите многу се знае, но некои работи се објавени со многу нејаснотии. Ви носиме преглед на најновите откритија кои ќе ви појаснат многу за алергиите.

„Никогаш полошо“

Секоја година слушаме дека ова е најлошо време за оние кои се склони на алергии. Дали е тоа вистина или само претеруваење? Експертите велат дека тоа е вистина и поради што што климата се менува, а тоа ја прави полоша ситуацијата за луѓето кои се алергични.

Не бидете сам свој доктор

Многумина луѓе мислат дека се алергични на разни работи, но тоа не мора да биде вистина. Најдобро е да ве тестира експерт, единствено така ќе откриете на што навистина сте алергични. Ако самите себеси си глумите доктор, можете само да ја направите ситуацијата полоша.

Внимателно со лековите

На многумина луѓе вообичаените лекори против алергија, односно оние кои треба да ги намалат симптомите на алергија, не им помагаат. Лековите се индивидуална работа, па би било добро со доктор да се обидете да ги одберете оние кои најмногу ви одговараат, а не самите да ги бирате.

Инекции

Алергиските инекции им помагаат на многу луѓе, но тие сепак не се за секого. Ако сте, да речеме, исклучиво алергични на амброзија, тогаш тоа е едносезонска алергија и во тој случај инекции не се препорачуваат. Тие се подобри за луѓе кои страдаат од повеќе видови на алергии и во повеќе сезони.

Лекување на време

Иако се свесни дека имаат алергија, многумина луѓе не почнуваат со лечење на време, па непријатните симптоми им ја влошуваат состојбата. Немојте тоа себеси да си го допуштите, бидејќи кога еднаш ќе почнат симптомите можат да станат полоши.

Внимателно со килограмите

Луѓето кои се алергични не сакаат баш да слушаат, но тие мораат да бидат внимателни со килограмите, особено оние кои ги мачи астма. Вишокот килограми влијае на работата на белите дробови, па ситуацијата може да стане сериозна, предупредуваат експертите.

Неприметна алергија

Зачудени сте бидејќи алергиите ви се појавиле дури во поодминати години? Многу е веројатно симптомите да сте ги имале уште во детството, но не сте ги приметиле, односно не сте ги поврзувале со алергија.

loading...

Коментирај