„Седо Перо“: Градоначалникот на Охрид на Ифтар – Така питомо чувство меѓу дивоградби (ФОТО)

0
304

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески на синоќа на Градскиот плоштад „Чинар” приреди Ифтарска вечера за граѓаните со муслиманска веросиповед.

„Градоначалникот на Охрид на -Ифтар (Така питомо чувство меѓу дивоградби)“, стои во Фејсбук објавата на „Седо Перо

Kако што објави „Седо Перо“, Георгиески во текот на вечерта толку питомо се чувствувал иако бил опкружен со дивоградби. На фотографијата е означено дека на само 50 метри од него се наоѓа 32-метарското минаре на Алипашината џамија, кое е дивоградба, за која премиерот Заев пред избори рече дека е стопирана изградбата, но не остана на ветеното, бидејќи градбата на истата пред некој ден беше завршена.

Исто така, на втората фотографија од Ифтарска вечера е означена „дивиградба пицерија на Нефи Усеини“ која се наоѓа на самиот плоштад „Чинар“, која што најверојатно исто така не му пречи на градоначалникот.

Ohrid-gradonacalnik-Iftar-1 Ohrid-gradonacalnik-Iftar-2

Коментирај