„Седете дома клошари”, „После 9 пендрaк”: Полицајци се закануваат со тепање ако не го почитувате полицискиот час! (ФОТО)

0
942

Дел од припадницте на МВР наместо да се грижат за јавниот ред и мир во време кога има полициски час, се решија од позиција на моќ да упатат закани и навреди кон граѓаните на Македонија, кои плаќаат даноци за полицијата редовно да зема плата.

„Единицата формирана… ако ве зачекам после 9 пендрaк и 10 години робија (казна нема)” и „Седете дома клошари” се коментарите споделени во „стори“ на овие полицајци, а се споделуваат масовно и се реагира жестоко на социјалните мрежи.

Вакво скандалозно однесување на дел од припадните на МВР е недозволиво за една европска држава, очекуваме надлежните служби во Министерството за внатрешни работи да реагираат.

Коментирај