Се враќа „Специјалниот“: На Островот веќе откриен составот на Арсенал под водство на Мурињо (фото)

0
354

Се погласни се шпекулациите дека Жозе Мурињо наскоро ќе го замени Унаи Емери и ќе седне на клупата на Арсенал.

Дејли Мејл“ пишува дека Арсенал е фаворит да го ангажира Мурињо,  па сега се чека само моментот кога Шпанецот ќе добие отказ од кормилото на „топчиите“.

За тоа многу ќе зависи како Емери ќе го реши проблемот со Гранит Џака кој е на удар на навивачите, но е „заштитен“ од своите соиграчи кои му даваат поддршка.

Медиумите на Островот веќе објавија како би требало да изгледа составот на Арсенал под водство на Мурињо. Имено, „Специјалниот“ од раководството ќе побара две засилувања во зимскиот преоден рок – Ерик Баи во одбраната и Аксел Витсел во средниот ред.

Извор: sportski.mk

Коментирај