Се удави двегодишно дете: Додека внуката се борела за живот, бабата не давала никој да се доближи

0
1588

Видов жена како носи дете низ дворот. Не знаев за што станува збор, па излегов да видам. Детето беше мокро и едвај дишеше. Таа зборуваше неповрзано, дека ѝ паднало во вода, но не сакаше да ми дозволи да го допрам девојчето–раскажала сосетката, која гледала како умира девојчето во рацете на баба си во селото Велика Греда во Србија.

Сосетката раскажала дека поминала покрај дворот пред несреќата, а 2-годишното девојче седело во скутот на бабата.

Девојчето беше живо, ѝ реков да ја преврти и да ја соблече мократа гардероба, но таа ја стегаше и не ми даваше да ја допрам. Ја барав да ми ја даде, но ја стегаше и викаше „тоа е мое дете“ додека малото ангелче умираше во нејзините раце, се гледаше дека се бори за воздух–рекла таа.

Од силен шок и страв не знаела што да направи.

Кога пристигна Брза помош, едвај ѝ го земаа детето од раце, ја ставија во амбулантно возило и ја однесоа, а бабата остана да вика „тоа е мое дете, сакам и јас со него“. Не можам да се смирам, можев да го спасам девојчето, но сега е доцна–раскажала соседката.

Трагедијата се случила додека во куќата биле малата Леа и нејзиниот брат-близнак, а нивната баба се грижела за нив, додека родителите биле на лекар со двете постари деца, исто така близнаци.

voda-1

Извор:republika.mk

Коментирај