Се скратува сезоната во НБА лигата – Еве по колку натпревари ќе играат тимовите за две години!

0
249

НБА лигата сака да го скрати времетраењето на регуларната сезона.

Според „ЕСПН“ се разгледува прашањето за намалување на бројот на натпревари почнувајќи од сезоната 2021/22 на 58.

Ова значи дека секој од 30-те тимови ќе игра по два натпревара со останатите екипи, еден на домашен терен и еден на гости.

Многу клубови не сакаат таква реформа, бидејќи тоа ќе ги намали нивните приходи.

Раководството на НБА има потреба од реформа за да ја добие поддршката на сојузот на играчи, сопствениците на тимови, спонзори и медиумски партнери.

Според сегашниот формат на најсилната светска кошаркарска лига, во основниот дел од сезоната секоја екипа игра по 82 натпревара.

Коментирај