Се сексаа среде ден во парк полн со деца – гневен родител го затепа напалениот тип

0
1108

Напален пар кој се препушти на секс страстите среде бел ден во еден парк во Лидс и не се откажа од секс авантурата, и покрај тоа што неколкумина посетители на паркот повикаа полиција, на крајот зажали за својата жешка акција на јавно место.

Во паркот Раундхеј, кој беше полн со мали деца, во неделата еден пар под дејство на алкохол се препушти на сексуалното задоволство, без задршка и криење од очите на присутните. Но, тоа не сакаше да го трпи еден родител кој, разгневен од бесрамната активност на двајцата, му се нафрли на мажот.

Полицијата стигнала на местото после 46 минути од првиот повик, а парот веќе бил заминат од паркот. Како што пренесува Metro, полицијата го забележала нивното возило и ги запрела. Жената била уапсена и пријавена за брзо возење и мора да се појави на суд на 24 август. За секс скандалот во паркот полицијата најави дополнителна истрага и случај.

Коментирај